– Ние сме тим на професионалци со долгогодишно искуство во сметководството. Со голем број на клиенти како од големите и средни компании така и од малите. Ние сме вистинскиот ваш избор за управување со вашите финансии и сметководство.

– Подготвени сме да ви го понудиме нашeто искуство и стручност во полето на управување со  сметководство, со цел да ги исполните сите ваши законски одговорности и обврски.

– Ви гарантираме навремено ажурирање и усогласување на сите финансиски резултати со постоечкиот даночен систем. 

КОНСАЛТИНГ-ХРИСМИ поседува лиценца за сметководствени услуги издадена од Институтот на сметководители и овластени сметководители на РМ.

 

Сметководството e уметност во формирањето на комуникативни финансиски информации за трговското друштво и наменето за потребите на корисниците, како што се основачите, акционерите и менаџерите. 

Генерално комуникацијата се постигнува преку финансиските извештаи, во кои изразено во пари се претставуваат економските состојби и резултати, кои се плод на работењето и управувањето на менаџментот. 

Уметноста се состои во селектирањето на информациите од кои истите да се вистинити и точни. 

Сметководството е гранка од математичките науки, таа е корисна во откривањето на причините за успехот или неуспехот во бизнисот.

Сметководството денес се нарекува “јазик на бизнисот” бидејќи тоа е основа за  изготвување на финансиски извештаи за компаниите наменето за различните потреби на клиентот.

mk_MKMacedonian